Press "Enter" to skip to content

Во “Синпекс“ добија механизација 30 општини, им ги предаде министерот за финансии Тевдовски (фото)

Во “Синпекс“ ДОО Битола, триесет општини денес добија механизација,  десет ровокопачи во вредност од 45,7 милиони денари, преку проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии.Министерот за финансии, Драган Тевдовски, и раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија, Никола Бертолини присуствуваа на потпишување на договорите за примопредавање на механизацијата на општините.

Тевдовски, посочи дека ваквите инвестиции, без разлика на висината на самата инвестиција, значат многу за локалното население, бидејќи решаваат реални проблеми и ги подобруваат условите за живот во општините,  а овој проект кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка на Европската комисија и Светска банка ја има токму таа цел. -Ја предадовме опремата десет ровокопачи, утоварачи, наменети за руралните општини во Македонија. Сметаме дека е тоа корисна инвестиција за малите општини, бидејќи ова се мултифункционални машини кои имаат повеќе намени, во градежништво, чистење на патишта, метење и одржување на хигиена. Значи една робусна мултифункционална машина која што многу ќе вреди во помалите општини. Сметаме дека Министерството за финансии направи вистински потег  што даде една ваква донациија на малите општини и што тоа треба да биде склоп од неколку типови на машини- ѓубретарки, метларки кои што би им дале малку поддршка на малите комунални претпријатија во руралните средини, рече Петровиќ како домаќин на настанот.

Механизација добија:  Берово, Чешиново Облешево, Крива Паланка, Радовиш, Демир Хисар, Василево, Македонски Брод, Маврово и Ростуше, Дебрца, Неготино,Пехчево, Виница, Пробиштип, Македонска Каменица, Ранковце, Кратово, Конче, Карбинци, Крушево, Кривогаштани, Босилово, Ново Село, Кичево, Пласница, Дебар, Центар Жупа, Струга, Вевчани, Демир Капија, Кавадарци. Критериумот  по кој триесетте општини ја добија механизацијата беше “Прв дојден прв услужен“, а општините за да аплицираат за проектот  мораа да направат конзорциум од три општини.

More from БитолаMore posts in Битола »