Синоќа во ресторанот “Корзо“ во Битола на едно место се најдоа сите генерации на фудбалери, почнувајќи од најмалите, па се со првотимците, ресторанот беше комплетно обоен во боите на “Пелистер“, зелено-бела.
Поводот за едно вакво собирање е завршувањето на сезоната, а младинците имаа посебен повод, враќањето во младинската прва лига, во која идната сезона ќе се натпреваруваат четирите екипи.
Претседателот на Пелистер, Пеце Стојчевски, за самиот настан рече дека ова е продолжување на дружењето кои го направија и по завршувањето на полусезоната, а на сите присутни во обраќањето рече:
-Прво сакам да им се заблагорам на сите кои настапија во дресот на Пелистер во сите категории од најмалите па се до првиот тим. Посебно сакам да им го честитам враќањето во Првата младинска лига на сите кои насрапија во четирите категории, а и да им порачам дека идната сезона, јас и моите соработници во Управата, сакаме Пелистер да не размислува како изминатите години, туку сите заедно да се бориме за титула во Куп или првенство.
На сите учесници во младинските екипи им беа доделени благодарници за спомен на сезоната која тренираа и играа на тимовите на Пелистер, а беа доделени и благодарници на тренерите кои ги водеа младинските категории, а им ги доделија координаторот Коруновски и тренерите по категории, Спасе, Капино, Ѓоко, и Корлето.
Посебен момент за најмладите членови на фудбалскиот клуб Пелистер беше дружењето со своите идоли, првотимците на сениорската екипа. Љамче, Пепе, Филип… беа заедно со најмалите, го видоа во живо, во опуштена атмосфера, а и сите генерации направија заедничка фотографија со сите фудбалери од првиот тим.
На овој настан беа тренерот на Пелистер-Дарко Крстески, спортскиот директор Менде Степановски, претседателот на Управниот одбор Зоран Лазаров, еден од директорите Марјан Трифуновски, лекарскиот тим на клубот, членови на Управата, тренерот на голманите, а сите ги поздрави и претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски.
Посебни благодарници беа доделени на поединци кои дадоа придонес во развојот на клубот, на навивачката група “Чкембари“, за нашиот медиум за медиумска афирмација на клубот, а младинците му дадоа и посебна благодарница на претседателот на ФК Пелистер, Пеце Стојчевски.
По официјалниот дел, сите имаа заеднича вечера, а оваа “пелистерска ноќ“ како ја нарекоа некои од повозрасните, ќе биде во сеќавање на сите, не само на најмадите.
На кра, сите присутни заедно со дел од навивачката група ја испеаја песната “Само еден град, само еден клуб, само Пелистер“.
Текст и фото: Сашо Ристевски






