Press "Enter" to skip to content

Горната гимназија ги награди учениците кои прочитаа најмногу книги

Крајот на училишната година се доближува, па затоа СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола се погрижи учениците да се во проекти каде што слободно ќе ја изразат својата креативност, своите таленти и почитта кон своето училиште, а посебно внимание  му се посвети на редовните читатели во училишната библиотека.

На секој ученик со земени минимум 15 книги му беше доделена книга: „Македонски народни пословици“ – избор од Р. П. Цветковски. А ученикот Пантелејмон Трпчевски беше со најмногу земени книги- 50. На овој настан, кој беше организиран од училишниот библиотекар Драган Ристевски, учествуваа поголем број на ученици од сите години.

На овој начин се мотивираат учениците повеќе да читаат и ги потсетува за важноста на книгата во развојот на нив како личности. Гимназијата се надева дека овој настан ќе продолжи и во следните години и ќе прерасне во традиција.

Душица Брачиќ

More from КултураMore posts in Култура »