Битолското муфтиство од Исламската верска заедница и годинава ја продолжи својата традиција по повод верскиот празник Рамазан Бајрам.
Тие пред своите пристории во чест на празникот со парче баклава ги почастија своите комшии дуќанџиите од Старата битолска чаршија, битолчани и сите намерници кои денес на пладне се најдоа во Чаршијата.
По повов празникот Рамазан Бајрам, муфтијата Амит Расимовски, со своите соработници на сите битолчани им посака добредојде и рече:
-По повод верскиот празник Рамазан Бајрам од 2016 година организираме бајрамска баклава, нова пракса во Старата битолска чаршија каде се и нашите простории. Увидовме дека ова е позитивен чин, барјамската баклава да ја почуствуваат сите граѓани на Битола, што кај нас муслиманите по идењето од џамија, на бајрамската трпеза задолжителна е и баклавата, како наша традиција, а сега го споделуваме и со нашите битолчани.

Муфтиството на ИВЗ со баклава во Старата Чаршија ги почести битолчани за Рамазан Бајрам (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии
- Деновиве пред 10 години: 37. издание на Фестивалот “Браќа Манаки“ – “Златна камера 300“ за Јани Петери – Паси (фото)





