Фудбалската федерација на Македонија ги информира фудбалските клубови дека веќе се подготвени “ваучерите“ за спорт од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС).
Меѓу клубовите кои ќе добијат “ваучери“ кои потоа ќе ги претворат во пари за олеснување на работата на клубовите има и три битолски фудбалски клубови, Пелистер, ЖФК Атлетико и ЖФК Топ Гол, кои претходно се пријавија и поднесоа комплетна документција кој им ја побара Агенцијата за млади и спорт.
ФК ПЕЛИСТЕР, ваучер во висина од 5.305.112.оо денари, е четврти рангиран фудбалски клуб.
ЖФК АТЛЕТИКО БИТОЛА, ваучер во висина од 479.274.оо денари, е 21 на рангл листата на АМС
ЖФК ТОП ГОЛ, ваучер во висина од 412.620.оо денари, е 23 на ранг листата на АМС.
Финансиски бенефит од институцијата ќе добијат вкупно 26 пријавени клубови, а “ваучерите“ од страна на Агенцијата за млади и спорт, ќе може да го подигнат веќе од вторник, 11 јуни, во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.






