Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: јуни во 2009 година, според облеката на битолчани, со температури слични на годинашните

Деновиве најзборувана тема кај битолчани е времето, односно од релативно ниски температути за овој период во јуни, до промените до високи последните два-три дена, кои на многумина, па и мене ми пречат, го започна Димче Миновски, првиот разговор.

Но, рече дека има фотографија, која потоа ни потврди, според евиденција е направена на 2 јуни 2009 година, како било времето пред 10 години низ Битола и дека било слично како и во овој јуни.

-Не сакам да ги заморувам битолчани на овие први летни горештини, со некои статистики, како било, колку степени, било, а од фотографијата се гледа дека битолчани по Широк Сокак во јуни 2009 година, пред 10 години, се малку потопло облечени, за прошетка, вели Димче Миновски, доајен на битолското новинарство, кој додаде:

-Но, да не биде само за времето, сакам да ги потсетам со оваа фотографија како било пред 10 години на овој дел од Широк Сокак, кај сегашното кафуле “Портал 2“, а секако ќе се разбудат сеќавања и емоции кај сите битолчани, каде и да се низ светот.

More from БитолаMore posts in Битола »