Press "Enter" to skip to content

Горната Гимназија и “Св. Климент Охридски“ најдобри на школските натпревари (фотогалерија на сите наградени)

-Најдобри училишта со најдобри екипни пласмани на натпреварите кои ги организира Сојузот на училишен спорт, во колективни спортови се Гимназијата “Јосип Броз Тито“ и ОУ “Св. Климент Охридски“.

-Најдобри професори по физичко образование се прогласени Михајло Силјанов од Гимназијата “Јосип Броз Тито“ и  Горан Димовски од ОУ “Св. Климент Охридски“.Општинскиот сојуз на училишен спорт Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“ ги додели наградите во училишните спортски лиги во сите спортови, категории и нивоа на општински, зонски, регионални и државни натпреварувања.На доделувањето на наградите присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска, која ја прими посебната благодарница, која му ја предаде претседателот на Сојузот, Михајло Трампевски, а како рече во образложението затоа што Општина Битола секогаш им ја нуди помошта на училиштата при реализација на нивните спортски настани.На најдобрите спортисти градоначалничката им ги честита наградите и им посака уште многу успеси во иднина.Од средните училишта, најмногу награди во спортските натпревари однесоа учениците од гимназијата “Јосип Броз Тито“, а од основните училишта „Св. Климент Охридски“.  Наградата за најдобри наставници по физичко воспитување, исто така отиде во рацете на настаниците од гимназијата „Јосип Броз Тито“, а од основните училишта кај наставниците од  „Св. Климент Охридски“, Михајло Силјанов и Горан Димовски.

More from СпортMore posts in Спорт »