Press "Enter" to skip to content

“Бакхи – краток преглед на распадот“ најдобра претстава на театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински“

Со доделувањето на наградите заврши 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински во Прилеп, а за најдобра претставата е прогласена „Бакхи – краток преглед на распадот“ во изведба на Битолскиот театар, а во режија на Игор Вук Торбица е победник и добитник на статуетката.

Одлуката е едногласно донесена од страна на жирито во состав Бедија Беговска, како претседател и Љиљана Богојевиќ и Маја Вељковиќ како членови.

Наградата за режија ја освои Игор Вук Торбица за „Бакхи – краток преглед на распадот“.

Најновата продукција на Народниот театар од Битола, “Бакхи краток преглед на распадот“ по Еврипид, а во режија на маестралниот Игор Вук Торбица, а го отвори 21. издание на фестивалот на монодрама во Битола во организација на НУ Центар за култура.

More from КултураMore posts in Култура »