Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Свежио, градски лик, се појави пред 10 години, а заслужува да се спомене

Многумина битолчани оставиле трага не некој начин во градскиот, или по нова терминологија, урбан живот, а Битола памети многу такви ликови. Еден од тие битолски фаци е Свежио, кој нека ми извини, бидејќи како и многумина не му го знам името, кој пред десет години, а можеби и порано, на свој оригинален начин најде начин како да заработи парче леб, се присеќава, Димче Миновски, доајеот на битолското новинарство.

-Со неговата количка и со многу зборување, во негов оригинален начин, а кој го прифатија битолчани, продаваше  некои ефтини производи по Широк Сокак и околните улички, и на крај заработуваше, вели Миновски, почитувајќи ја неговата истрајност по било кои температури да продава, а како вели и по најголеми горешнити, како и на фотографијата во летна жега, во јуни 2009, на отворено сонце.

Свежио го прифатија сите, долги години се движеше, продаваше и на некој негов начин ги забавуваше битолчани, со негови оригинални досетки упатени кон лица и фирми на македонски и германски јазик, сега го нема по улиците на Битола, а последно го гледав кај Безистенот со тезга, но без количка.

Некои велат заминал за Германија таму имал роднини, некои дека го казниле и му ја зеле количката, но го нема, со неговиот глас да продира до потенцијалните купувачи. Некој спомна дека е сега бил во Битола, но не продавал, но останува фактот дека тој ќе биде лик кој ќе го паметат битолчан, но како додава Миновски, како позитивен лик, кој секако на многумина им недостига.

More from БитолаMore posts in Битола »