Во средните училишта денеска и утре е првото пријавување за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2019/2020 година во јунскиот уписен рок.
Во 7 средни училишта во Битола место за 1.891 ученици, еве ги слободните места за учениците по училишта, според конкурсот кој го објави Министерството за образование за запишување ученици во средното образование во учебната 2019/2020.
ГИМНАЗИЈА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“
Во прва година ќе се запишат 204 ученици во 6 паралелки.
ТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЃИ НАУМОВ“
Во прва година ќе се запишат 365 ученици во 11 паралелки.
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ТАКИ ДАСКАЛО“
Во прва година ќе се запишат 612 ученици во 18 паралелки
(544 ученици во 16 паралелки со настава на македонски јази и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик)
ЕКОНОМСКО УЧИЛИШТЕ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“
Во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки
ЗЕМЈОДЕЛСКО УЧИЛИШТЕ „КУЗМАН ШАПКАРЕВ“
Во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки
МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ „Д-р ЈОВАН КАЛАУЗИ“
Во прва година ќе се запишат 306 ученици во 9 паралелки
(272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:
МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ БИТОЛА
Во прва година ќе се запишат 34 ученици во 1 паралелка.
Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места од првото пријавување ќе бидат објавени на 19 јуни. Второто пријавување и запишување на учениците е на 24 и 25 јуни, а третото на 1 јули.






