Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: доставување за барања за надомест на штета за земјоделците

После силните врнежи од дожд и град кои оставија големи последици врз земјоделските насади во неколку битолски села, а со цел локалната самоуправа да им помогне на земјоделците во намалување на последиците со кои се соочуваат, се повикуваат сите земјоделци од општината, во чии што земјоделски површини е направена штета, да достават барање за надомест на штета до Општина Битола.

Заедно со барањето, потребно е да достават имотен лист од површината на која се наоѓа земјоделската култура, најдоцна до 24.06.2019 година до 16:00 часот.

Доставените барања ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди.

Информацијата е објавена на веб страната на Општина Битола на следниот линк http://www.bitola.gov.mk/известување-за-достава-на-барања-за-пр/

More from ВестиMore posts in Вести »