Press "Enter" to skip to content

Зимската служба се координира пред зимата

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот Бојан Бојкоски присуствуваше на работната средба со претставниците на зимската служба на Општина Битола, во која се вклучени повеќе надлежни претпријатија и институции од градот. Целта на координирање на активностите е во насока на навремено делување на терен за претстојната сезона 2026-2027 година.

За програмата на службата информираше раководителката на Одделението за комунални дејности Марјана Спасевска, а градоначалникот на Битола Тони Коњановски ја потенцираше важноста од ефикасно спроведување на предвидените активности со цел навремено функционирање на зимската служба.

Инаку програмата на зимската служба за сезоната 2026-2027 година беше донесена од страна на Советот на Општина Битола.