По повод свеченото отворање на SN Soobrakaen Centar кое ќе се случи вечерва во 20:00 часот, Осигурителното брокерско друштво SN OSIGURITELEN BROKER донира 1 (една) мерна станица на ПЛАТФОРМА ЗЕМИ ЗДИВ со што ја искажува нивната поддршка во инсталирањето на мрежата од сензори и ја потврдува нивната општествена одговорност кон заедницата.
Сензорот е поставен на новиот објект СН Сообраќаен центар на ул. “Михаил Апостолски Дончо“ бр.7 (Новачки пат) со што се покрива и тој дел од градот, а оваа локација ни е многу важна поради близината со државната мерна станица Битола 1. Сензорот ќе биде видлив во мрежата после завршувањето на процесот на калибрацијата на податоците.
Ова е 8-ма мерна станица во нашата мрежа од која ќе се прибираат податоци за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола, а параметрите можете да ги следите на следниот линк:
https://airly.eu/map/en/
Апликацијата можете да ја симнете на следните линкови:
Android: https://play.google.com/store/apps/details…
iOS: https://itunes.apple.com/us/app/airly/id1283400152






