Press "Enter" to skip to content

Утрово, големо осветување на храмот “Св. Лидија“ во Нова Битола, еве како изгледа внатрешноста (фотогалерија)

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско- новозеландски г. Петар, денес наутро се изврши Големо осветување на храмот „Света Лидија“ во Нова Битола.Во присуство на голем број на верници кои ја исполнија новоизградената црква “Св. Лидија“, во црковниот комплека, посветен на сите Светители, утрово се изврши Големо осветување. Богослужбата ја водеше Владиката Петар во сослужение на свештеници од Епархијата, кои заедно со верниците беа дел од големото осветување на овој прекрасен и радосен чин, за духовната радост да биде поголема и поторжествена.По Богослужбата, Владиката Петар им се обрати не верниците, и им го објасни чинот на осеветувањето и им кажа некои факти за “Св. Лидија“.-Сакавме со нешто да му огодиме на Бога, па затоа скомно во рамките на нашите можности му го пренесуваме на дар, овој мал храм на Бога, а тоа е браќа и сестри, желба на нашата смиреност, нешто и ние да дадеме на Бога, од она што ни го дал нам, односно од неговите дарови за нас. Оваа света црква е посветена на Света Лидија, првата христијанка во Македонија и во Европа, која е од нашиот род Македонски. Таа станала светителка, откако апостол Павле од Троада, сегашна Турција, дошол во Македонија, а македонскиот народ го направил Христијански, а сето тоа била Божја промисла. Во градот Филипи, кога тој дошол и проповедал, една жена кога слушнала, Лидија, длабоко поверувала во тоа и го поканила во домот, кој потоа станал првата црква на Балканот, Европа и пошироко, каде ја крстил Лидија и нејзиното семејтво, а така започнало Христијанството.-За овој храм, се трудевме преку грижата на Црковниот одбор, за правилно сликање на црвите во нашата епархија. Оваа црква е насликана од зографот Дејан Кратевски, заедно со грижата на нас скромите, предводени од протоерејот Никола Грамбозов и Алекандар Гулевски, се насликани сите овие прекрасни ликови и настани, рече Владиката Петар.Владиката Петар објасни и за тоа како е редоследот на насликаното.-Во првиот ред, од светиот престол е мајката Божја, Богородица, следуваат светителите во медаљони, па литургистите, а тука се светите апостоли Петар и Павле и другите светители. И во вториот ред во медаљони се и други светители, најповеќе од македонскиот род. Во третиот ред е Акатистот на Света Лидија, нејзиниот живот и се она што е поврзано се неа и Апостол Павле во врска со христијанизирањето на Македонија. Според каноните на МПЦ се насликани и другите икони во овој свет храм, од Христа нашиот Бог и Спасител.-Ова е желба наша, црквата наша Христијанска, да биде претставена во едно мало црквиче, заврши Владиката Петар, заблагодарувајќи им се на сите кои дојдоа, како рече, на овој голе, и спасоносен чин, осветувањето Големо, на оваа света црква. Денес, рече Владиката, додека траела Божествената литургија, тој и свештениците почуствувале дека не станува збор за виртуелна црква, туку за жива црква, за жива литургија. Па затоа посакуваме од ден на ден да се зголемува бројот на верните во овој храм, како денес и сега, но да се потрудиме, големиот и најголем храм, посветен на сите светители да се издигне до оној степен кога треба да биде осветен.Големото осветување заврши со света причесна на верниците.Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »