Ракометарот на Магдебург, Германија, Филип Кузмановски, вечерва ги собра роднините, ракометрите, пријатели, во ресторанот “Чифлик“ за заедно да го прослави со нив 23 роденден, пред заминувањето за Германија и секако успешно завршената ракометна сезона во дресот на Еурофарм Работник, во кој помина половина сезона.
Но, сите, а посебно неговата девојка ги изненади со клекнувањето на колена и запросувањето на Моника, да биде негова сопруга, која ја прифати понудата да биде со него.
Популарниот Фитиљ нема да патува на 5 јули за Германија како ерген.






