Press "Enter" to skip to content

Алушевски првата прозивка ја закажа во Битола, потоа во Маврово и на турнири во Добој и Струга

Еурофарм Работник подготвките за новата сезона ќе ги започне во третата недела од месец јули. Тренерот Стевче Алушовски ќе прозива во Битола, па веднаш експедицијата на вицешампионот ќе замине за Маврово, каде што ќе ја мине првата фаза.

Брусењето на формата е предвидено преку два традиционални турнири. Еурофарм Работник по третпат во својата историја ќе учествува на турнирот во Струга, а потоа ќе биде дел и од ТВ турнирот на шампионите во Добој.

Во Струга битолчани ќе играат на средината од август, а веќе следниот месец ќе ги дознаат противниците во својата група.

На турнирот во Добој екипата на Алушовски ќе се натпреварува од 20 до 24 август, а деновиве со ждрепка ќе бидат обелоденети групите.

До овој момент во  Еурофарм Работник дојдоа Ратајац, Велковски, Митревски, Маџовски.

More from БитолаMore posts in Битола »