Press "Enter" to skip to content

Се е подготвено за ретро-журката “Влез саде за парови“, за потсетување на диското “Орфеј“

“Влез саде парови“ е мотото на ретро-журката посветена на некогашната дискотека “Орфеј“,  која ќе одржи, петок, на  28 јуни во “Порта џез“, а организаторите Ѕунѕо, Брус Ли и неколкумина вљубеници во култната битолска дискотека од осумдесеттите години велат дека се е подготвено.

Од идеја на кафе-муабет, пред еден месец, дојдовме до тоа да се подготвено за ретро журката за која  веќе има голем интерес меѓу битолчани кои излегуваа во диското „Орфеј“ во 80 тите години. Ретро-журката ќе биде, петок, на 28 јуни, во кафулето “Порта џез“, кое одговара и по амбиент и луѓето кои тука доаѓаат на кафе, се дел од генерациите кои беа главните „друштва“ во диското “Орфеј“.Мотото на журката е “Влез саде парови“, а организаторите за оваа идеја велат:

-Еден период бидејќи имаше голем дел на машка популација кои влегуваа во „Орфеј“, бидејќи во тоа време  женските не излегуваа до касно и секоја вечер. Заради тоа на врата имаше луѓе кои пропуштаа само парови,и слоганот – “саде парови“. Така  ни дојде и  идејата за главното мото на журката “Влез саде за парови“ за да не врати “скроз“ исто како тогаш. Но, не е само тоа, планираме да направиме реконструкција на тој период и амбиентот за таа вечер 28 јуни. Тоа да  биде вистинска асоцијација на тој период. Светлечка диско-топка, грамафони, плочи, музика од тој период, дрес код…

Заитересираноста е голема и се бараат влезници повеќе како поминуваат деновите, битолски менталитет, да се чека до крајот. Влезниците имаат симболична цена од 50 денари и тие се  ограничени. Влезницата е печатена во  ретро-стил, ќе им остане како сеќавање на тие што ќе дојдат.

На подрумот, црната, тешка, железна врата, зидови обоени во карактеристичните бои, ќе се потсетат сега веќе возрасните битолчани, а в петок зад микс-пултот повторно ќе биде ди-џеј Славе Келешовски, кој деновиве повторно беше во Битола, да ги среди техничките работи околу музиката.-“Временска машина“ ќе не врати во тоа време, ќе се вратат емоции и чувства. Чувството е исто и кај  сите тука со мене. Уште кога ми кажаа за оваа иницијатива и организирање на ретро-журка се воодушевив и ја поздравувам, исто така и организаторите Сашо – Ѕунѕо, Драги  – Брус Ли, Зоран – Палјо и медумски покровител Сашо -Bitola news. Кој не сака да се врати во младоста. Да ја слуша музиката со која се забавувал, се заљубувал, тагувал… Сите ние бевме млади, убави, романтични со многу желби. Овај настан ќе биде луда журка и забава кога ќе се сретнат и другари по многу години. Можеби некој повторно ќе ја види својата симпатија.  Секако ќе има многи емоции и чувства за кои ќе придонесе и музиката од тој период за која сметам дека го означи столетието и музиката воопшто, вели ди-џеј Славе Ќелешовски.

Се надеваме дека со оваа журка ќе ги потсетиме многу генерациии на нивната младост. Секако голем дел од нив ќе се сретнат по повеќе години, ќе се соберат истите „друштва“, ќе се присетат на дружењето, мајтапите. Можеби некој и ќе ја сретне својата симпатија од младоста. Една журка која сте ќе не врати во време на младоста. Се надеваме настанот да прерасни во традиција, додаваат организаторите.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »