Press "Enter" to skip to content

Камерната опера од Битола организира концерт на Мартин Димитриевски

Камерната опера од Битола поставува темели на класично пеење во Ресен со првиот концерт на Мартин Димитриевски – баритон  и младите оперски надежи Христијан Трајчевски – бас, Живе Мешуревски- баритон и Ангела Трајчевска- сопран како гости во домот за  култура “Драги Тозија”- Ресен во пијано придружба на проф. Александра Јанковска.

Како што беше најавено во месец март, кога на местото на академик проф. Ѓорѓи Здравев е назначена проф. Марина Коруновска за директор на Камерна опера ( Musica da camera – opera) започнуваме со промоција на младите музички таленти, со посебен акцент на камерното музицирање и создавање на тло каде талентираните млади соло пејачи, инструменталисти, диригенти, режисери  ќе имаат можност да ги направат првите професионални чекори и да градат искуство,  пред да застанат на големата  сцена. Во почетокот  со концерти , а понатаму и со камерни, музичко- сценски и други претстави. Имајки го во предвид фактот дека младите а и возрасните во Битола, Ресен, Демир Хисар, Прилеп, Крушево, Охрид немаат  или ретко имаат можност да се допрат до високата вокална и музичка уметност, изградбата на оваа културна платформа е исклучително е важна не само за градот Битола туку и за целиот регион.

Мартин Димитриевски е ученик во школата Коруновска music & singing веќе три години, настапувал на повеќе концерти и натпревари и ова е негов прв солистички концерт кој е од огромно значење за развојот на класичното пеење во Ресен и Македонија.  Христијан Трајчевски и Живе Мешуревски се бивши ученици на школата Коруновска singing & music а во моментов се студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје кај проф. Горан Начевски. Ангела Трајчевска е најмладиот учесник кој иако почетник оваа година се закити со две награди на првиот натпревар за соло пејачи во организација на Ротари клуб Битола и Полихимнија во Скопје, инаку ученик во ДМУ – Битола.

More from КултураMore posts in Култура »