Press "Enter" to skip to content

“Јулија и Офелија – Доживотни самоубиства“ на Шекспир фестивалот (фото)

Во сеќавање и чест на Томаз. Ти благодариме.Маженственост и женственост. Добро и зло. Горе и долу. Живот, смрт, театар или телевизија? Душевното и телесното. Ерос и Танатос. Перцепцијата на универзумот, барем во западната култура, се чини не може да се издели од дуализмот, од изборот или обрската да се избере едното или другото. „Nulla ethica sine aesthetica“. Оваа Јулија и оваа Офелија кои ние ви ги прикажуваме, може не се ни мажи ни жени, ни жртви ниту пак хероини, а нивното време и место веќе не ги одредува едностраноста (како нашата) ниту пак антагонистот, двојноста. Дали секој еден ентитет, идеја или ситуација е сама по себе двојна? И што се случува или како се нарекува она што еднаш ќе се оддели и веќе не може да се поистоветува со таа класификација? Офелија и Јулија веќе милион пати се самоубиле на сцената. Нашите хероини се будат во едно чистилиште, каде зборуваат за деталите на нивното бесчестие. Местото и времето запираат: се враќаат за да разговараат со оние кои ги сакаат, па и оние кои не ги сакаат, коментираат за новостите како да се две искусни славни личнсоти, потонуваат во трауми и нереализирани спомени, го истражуваат својот статус на жени, жртви или преживеани во своето општество и историја. Како жени, кои преживеали повеќе од четиристотини самоубиства, како самоубијци кои премногу го сакаат животот, како жртви на самоубиство, тие никогаш не умираат.Улогите беа на Јулија – Хулио Рохас и Офелија – Арон Лобато, нарација – Ана Вагенер.

Фотографии: Александар Буневски

More from КултураMore posts in Култура »