Press "Enter" to skip to content

“Крал Иби“ во режија на Васил Христов го затвора седмиот “Шекспир фестивалот“

Култното дело „Крал Иби“ на Алфред Жари од Франција, режирано од Васил Христов ќе ја спушти завесата на најновото, седмо, издание на „Битола Шекспир фестивал“.

На последниот ден од „Битола Шекспир фестивал“ ќе настапат актерите Игор Ангелов, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Софија Куновска, Катерина Шехтанска Лаковски и други од Драмски театар-Скопје.

Во изминатите денови во Битола настапија актери од Хрватска, Италија, Романија, Шпанија и Северна Македонија кои со своите театарски ансамбли изведоа претстави фокусирани на проблемот на позицијата на жената во денешното општество преку делата на Шекспир.

Фестивалот се одржува со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

More from КултураMore posts in Култура »