Press "Enter" to skip to content

Прв Форум на креативните градови од мрежата на УНЕСКО чиј член е и Битола

Прв Форум на креативните градови од мрежата на УНЕСКО, а ќе се зборува на тема улогата на иновациите и едукацијата во локалниот развој на градовите ќе се одржи на 4 и 5 јули во Битола.

За време на форумот ќе бидат вклучени високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Брадфорд, Лоѓ, Бристол, Галвеј, Рим и Софија, претставник од Интернационалниот политички истражувачки центар специјализиран за култура и креативни индустрии KEA European Affairs од Брисел, како и претставници од домашните релевантни институции, невладиниот и бизнис секторот кои работат во креативните индустрии и филм.

Форумот го организира Здружението за филмска уметност ЦЕНТАР ЗА ФИЛМ Битола во насока на зголемување на соработката помеѓу градовите во областа на иновациите и едукацијата. Ова е прв форум од ваков вид кај нас и во регионот.

Форумот е од исклучителна важност за градот Битола како рамноправен член на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО од 2015 и еден од 13-те градови кои се дел од овој филмски кластер на УНЕСКО, единствен од Македонија и еден од ретките од регионот. Мрежата е клучен партнер на УНЕСКО.

Форумот има за цел да придонесе за ефективен развој и промоција на филмската индустрија преку спроведување на целосна проценка, подобрување на националните капацитети и организирање на промотивни настани во оваа област.

Меѓу целите на Форумот е да делува како единствена платформа која членовите можат да ги искористат за да ги унапредат своите партнерства и да донесат за нови идеи и соработка. Форумот е еден од проектите кои на подолг рок има потенцијал да ја подобри институционалната поддршка и да ги зајакне претприемачките вештини, а со тоа и да ги зголеми можностите за развој преку секторот на креативни индустрии.

Официјално отворање ќе биде со проекција на реставрираниот филм „Еден посебен ден“ од Еторе Скола во соработка со CSC (Centro Sperimentale di Cinematografia) од Рим во Центарот за култура во Малата сала.

Наредниот ден во салата на Советот на општина Битола ќе се одржи презентација на филмските градови – членки на мрежата на УНЕСКО, меѓу кои и Битола.

More from КултураMore posts in Култура »