Полициските службеници уште еднаш ја покажаа својата хуманост.
Тие во дворот на СВР Битола, спасуваа гулаб кој го отргнаа од канџите на грабливецот, а по дадената прва помош го предадоа на лице кое ќе го негува и чува гулабот и по целосното закрепнување ќе го пушти на слобода.
Пример кој треба да го следиме сите и да се обидеме да помагаме на луѓето, животните и птиците.






