Press "Enter" to skip to content

“Лето, ти и јас“ нова песна на “Уникат Бенд“, музика и аранжман на Мими Марковски

“Лето, ти и јас“ е насловот на најновата битолска летна песна, која ја изведуваат дечките од “Уникат Бенд“. Како што велат ова е нивна прва авторска песна, но работат и на други нови песни кои треба да излезат во наредниот период.

-Ова е само почеток на она што го подготвуваме, гледаме дека младите сакаат да слушаат македонска музика, па се одлучивме да работиме на тоа да создаваме нови авторски македонски песни, посочи фронтменот на уникат Тодоровски.

Музиката и аранжманот се на Мими Марковски, а текстот го напиша Дарко Јоцковиќ – Шабац, песната е снимена во “Гимел Студио“ – Битола.

Спотот е снимен на локации во Охрид и Преспа, снимањето им одело континуирано и истакнаа дека се задоволни од соработката со „АХ Медиа“ односно Армин Хасановиќ, брат на популарниот пејач Ален Хасановиќ кој го снимаше и обработи спотот.

“Уникат бенд“ моментално работат на уште три песни и два видео записи со што ќе го најават и нивниот прв албум, а ќе настапат и на фестивал во Петрич, Р. Бугарија.

За оваа песна Лето, ти и јас на овогодинешниот Канео Фест во Охрид, добија трето место од стручното жири. “Уникат бенд“ продолжува со својата работа, нивната нова авторска песна ќе ја презентираат на овогодинешното издание на “Охрид Фест“, а до тогаш за ова лето на публиката им ја препорачуваат “Лето, ти и јас“.

More from ЗабаваMore posts in Забава »