Во позначајните настани од месец јули 2009 година, покрај редовните хронолошки белешки, има забележано и два настани, кои се подвлечени со црвено. Еден е убав настан, кој ја собра цела Битола, а вториот по мене е лош за Битола во тоа време, го започна Димче Миновски, своето сеќавање, за Битола, пред 10 години.
-Лошиот ќе го оставам за наредна прилика, а денес ќе напишам некој ред за убавиот настан. Големиот концерт со прекрасна забава и вечера на групата “Боеми“ кој се одржа во кафеаната “Император“, а освен кафеаната беше полно и околу базенот, каде беа поставени многу маси. Според “Боеми“ тоа беше најголем концерт од таков профил, а се бараше “карта повеќе“, вели Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
Миновски додава дека на концертот имало, според некои 1.200 луѓе. Освен “Боеми“ пеела и Виолета Томовска, а гостин бил и тогашниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, голем број на гости од политичкиот живот, бизнисмени, гости на “Боеми“…, но и додава дека мисли дека “Боеми“ славеле годишнина.
–Голем број гости не верувале како ќе бидат услужени толку гости наеднаш, но персоналот на “Император“ одлично се снашол, а во наредна прилика за понеубавиот настан, вели Миновски.

Деновиве пред 10 години: повеќе од илјада битолчани на концерт на “Боеми“ покрај Олимписки (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





