Press "Enter" to skip to content

“Кромберг и Шуберт“ донира боја за варосување на ОУ “Трифун Пановски“, а општината ќе ја санира спортската сала

Како и во сите училишта во Општина Битола, така и во ОУ “Трифун Пановски“, летните месеци од распустот се користат за работни активности и санации во училиштето. Како што истакна директорот, Пецо Димовски, со максимална заложба на општината, вработените, родителите и донаторите, ќе се работи на повеќе места во училиштето.

-Деновиве, со средства од Општина Битола, се работи на санација на спортската сала во училиштето, која е во незавидна состојба. Санацијата ги опфаќа ѕидовите, таванот и партерното уредување. Во текот на денот добивме и донација од „Кромберг и Шуберт“, кои како општествено одговорна компанија ни излегоа во пресрет на нашите барања и донираа боја за целосно бојадисување на внатрешните ѕидови во сите простории во училиштето, истакна Димовски.

Училиштето и во наредниот период преку соработка со локалната самоуправа, но и со донации од општествено одговорни компании и помагатели, ќе работи на подобрување на условите за настава на учениците.

More from БитолаMore posts in Битола »