Press "Enter" to skip to content

На вработените во градинките јунската плата ќе им биде повисока за 16 проценти

По повод зголемувањето на платите на вработените во детските градинки, денес изјава на прес-конференцијата даде директорката на градинката Естреја Овадија Мара – Лидија Тфирст Митревска, која ја пренесуваме во целост:

-Со одлука на Владата на РСМ предводени од СДСМ и Советот на Општина Битола, а во согласност со Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата од 23 мај 2019 година, за ИСТОРИСКИ 16 % се зголемуваат платите на воспитувачите/ките, негователите/ките, стручните работници/чки и соработници/чки. Се зголемуваат и платите на помошно-техничкиот пероснал со Колективен договор потпишан со синдикатот, кое пак достигнува до 5% покачување. Исплатата на зголемените плати започнува со исплатата на јунската плата во текот на месец јули. Вредноста на бодот за пресметка на плата од 01.06-31.08.2019 е во износ од 77,24 денари а од 01.09.2019-31.12.2019 ќе биде 81,10 денари.

На пример, ако еден неговател со 10-годишно работно искуство до покачувањето имал нето плата од 16.223,00 со покачувањето на јунската плата таа плата изнесува 18.792,00 денари, додека до крајот на годината ќе биде 19.692,00 денари. Нето платата на воспитувач со 10-годишно работно искуство пред покажувањето ако изнесувала 21.509,00, со покачувањето на јунската плата, таа изнесува 24.877,00 додека пак до крајот на годината ќе достигне 26.081,50 денари.

Градинката е место каде што започнува развојот на детето. Тука децата го осознаваат светот, тука ги поставуваат темелите на нивниот понатамошен развој и напредок. Со зголемувањето на платите на вработените во детските градинки, Министерството за труд и социјална политика потврдува дека се грижи за нашите најмили и целокупниот квалитет на предучилишното образование и посветено работи на враќање на достоинството на персоналот кој се грижи за децата во градинките.

За СДСМ и коалицијата, граѓаните се секогаш на прво место!

More from ВестиMore posts in Вести »