На 21 јули во СВР Битола било пријавено дека на улица „Широк Сокак” во Битола, машко лице го нарушува јавниот ред и мир и ги вознемирува граѓаните. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале М.С. (22) од Битола. Тој бил приведен и по целосно документирање на настанот ќе му биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, било констатирано дека осум возачи управувале возило без возачка дозвола, осум возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 58 возачи, тројца зборувале на мобилен телефон, а пет не користеле сигурносен појас.





