Еден од најплодните македонски писатели, академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски, својата читателска публика ја изненади со уште два книжевни проекта. Ова е доказ дека неговите книжевно-драмски, прозни, поетски и научни остварувања не застануваат, туку тој се движи напред кон хоризонтот на книжевните видици и врвици кој попусто не е споредуван со Емил Зола во француската литература или Антон Павлович Чехов во руската литература, како единствен натуралист во македонската литература.
Имено, станува збор за две новообјавени книги: „Патиштата на дијалогот во театарот преку Константин Сергеевич Станиславски и Бертолд Брехт“ (учебник за студентите по драматургија) и детската драмска пиеса „Мали детски разговори“.
Значи покрај веќе неодама објавените книги: „Драмата во стих во македонскиот театар“ (учебник за студентите по драматургија) и поемата „Од предците за потомците или збратимени во името на своите предци“, ова се негови четири објавени книги на македонски јазик, како и „Requiem dla miᴌṥci“ („Реквием за љубовта“ драма во стих во 5 сцени, со пролог и епилог одиграна во 2018 година во Полска, за која минатата година ја добива и меѓународната книжевна награда за литература Klemensa Janickiego од Полска за најдобар драмски текст, а еве 2019 година излегува од печат).
Пејковски ја објави и аудио книгата „Здивот на смртта“ кои стиховите ги говори актерот од Народниот театар од Битола, Борис Чоревски, за која минатата година од реномираната издавачката куќа „Феникс“ од Скопје ја добива и наградата „Орфеј“, што значи овој е шести книжевен проект на драмскиот писател, поет, прозаист, драматург, публицист, преведувач и литературен критичар академикот Зоран Пејковски.






