Press "Enter" to skip to content

Со изложбата на Панде Петровски се најавија “Илинденски денови“ (фотогалерија)

Синоќа во салата за изложби во НУ Заводот и музеј во Битола беше отворена големата ретроспективна изложба по повод јубилејот 60 години творештво на познатиот битолски уметник Панде Петровски.Оваа изложба која содржи над 210 негови творби, дел од неговото творештво, е дел од програмата на годинашното издание на фестивалот “Илинденски денови“.  На отворањето чест на авторот му направија голем број  битолчани, љубители на уметноста, пријатели, поранешни соученици и ученици на кои им предавал ликовно образование. Присутни беа заменикот министер за култура Владимир Лазовски, градоначалничката на Битола Наташа Петровска…На отворањето на изложбата  за биографијата и делото на Петровски, прво зборуваше Валентин Соклевски, претставник на “Илинденски денови“. Тој  меѓу другото истакна „Панде со мал потег на платното отвора илјадници ѕуници, еден симбол на сценографијата отвора мозаици од сликовити приказни, тој е ќовекот кој со еден афоризам раскажува повеќе од романи“.-Чест ми е да ве поздравам на почетокот на реализацијата на програмата на републилкиот фестивал “Илинденски денови“ со отворање на изложбата на Панде Петровски, 60 години творештво. Вдаховен на Свети Илија, посветен на големиот Илинден, во чест на народната култура и народните уметници кој  создаваат и чуваат традицијата, сам стана традиција. Панде Петровски е дел од фестивалот од почетоците во 1971 година до донес. Петровски има реализано повеќе самостојни изложби, колонии, а добитник е на голем број награди. Како долгогодишен член на ДЛУБ од претседателот Елена Ѓорѓиевска на Петровски му беше доделена специјална плакета за животно дело во чест на неговиот јубилеј. Таа му ја  додели уметничкиот совет на друштвото. Мери Стојановски, директор на Заводот и Музеј и домаќин на изложбата  нагласи:-Не останува многу да се зборува за Панде Петровски бидејќи  неговите дела зборуваат  се. Сите негови дела претставуваат одраз на нашите  чувство кон Битола и сите така и ја доживуваме. За изложбата  и делото на Панде Петровски зборуваше Панде Манојлов, новинар, писател, литературан критичар кој истакна  „Оваа изложба можеби е и најубавата која сум ја видел и посетил, а ги имало многу.-Ова е едно оддолжување од мене до Битола, рече еднаш Панде, заборувајќи за неисцрпната тематика градот  Битола која му ја нуди на уметникот. Сакам да му посакам уште многу дела и изложби, и сите да не радува со нови творби, а можам да кажам дека е жив споменик на овој град.Петровски на Заводот и Музеј, градоначалнилката и заменик министерот му подари негови дела како сеќавање на оваа изложба, а градоначалнилката Петровска рече:-Петровски твори 60 години и  го слеал на платно пулсот на Битола, и за тоа јас му благодарам за пто досега направил, но  убедена сум дека до последниот ден ќе твори за нашата Битола. Длабок поклон за се што сте направиле.Петровски ги поздрави сите присутни, се заблагодари за плакетата од  ДЛУБ,  и на сите уметници им посака да имаат вакви изложби.Текст и фото: С. Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »