Синоќа во “Магазата“ беше свечено отврорена 45. по ред годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници од Битола (ДЛУБ), на која беше доделена и годишната награда “Борисав Таиковски“.
Изложбата за отворена ја прогласи претседателката на ДЛУБ, Елена Ѓорѓиевска, која пред тоа рече:
-Претставува голема чест, задолволство и одговорност да се организира оваа 45. по ред јубилејна изложба. На оваа годишна изложба секогаш авторите се мотивирани и ги презентираат најквалитетните дела. На оваа јубилејна изложба ќе доделиме и награди и благодарници на сите учесници, и на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Највисоката награда “Борисав Траиковски“ за најдобро ликовно остварување ја доби Сандра Котевска, која ја искористи приликата да се заблагодари за наградата, на организаторот и секако на семејството на Траиковски кои и ја доделија наградата.
Награда за животно дело доби Панде Петровски, за особен придонес на ликовната култура на Битола – Илија Кочовски и награда за остварување од млад автор – Лилјана Петровска.
Годинава дела на изложбата имаат 19 битолски автори, а делата се публикувани и во каталогот на ДЛУБ каде се спомнати и починатите битолски уметници.
Предговор во каталогот напиша Владо Ѓоревски, а во име на добитниците се заблагодари Панде Петровски.

45. годишна изложба на ДЛУБ, наградата “Траиковски“ за Сандра Котевска (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





