Јубилејното петто издание на најголемото и спектакуларното музичко шоу, кое од 2015 година се одржува во Претор, овој пат се одржа крај брегот пред „Relax Beach Resort“, каде настапи српскиот пејач, Неша “Галија“.
Околу две илјади млади во бело, од цел регион уживаа во рок музика, во топла летна ноќ, под звезди на отсјај на месечина во Преспанското езеро.
Гостинот на вечерта Неша “Галија“ исполни многу рок хитови за вистинска журка покрај плажа, а тука беа и ди-џеите Jeshevsky, Extravaganza и Рикардо.
-Имавме одлично време ноќта, а и одлична забава за која се потрудија ди-џеите и Неша “Галија“. Одличното расположение го заокруживме со голем огномет на плажата во Претор, а задоволните гости ни даваат мотив да продолжиме и “Белите ноќи“ во Преспа да бидат забави за кои ќе се раскажува цела година, ни рече организаторот, Жарко Нацевски.

“White Sensation Beach Festival“ во “Relax Beach resort“ синоќа во Претор (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





