Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови, синоќа на претпоследната фестивалска вечер на староградска музика и игра.
Овој пат фестивалот се префрли во Старата битолска чаршија, кај “Монмартр“.
Вечерта на староградска музика и игра ја отворија членовите на КУД “Васил Хаџиманов“ од Кавадарци, а потоа во Старата чаршија настапија “Распеани штипјани“, “Распеани велешани“, “Распеани гевгеличани“.
Се претставија уште и пејачката група „Сирма Војвода“ од Битола, ВИС “Орнаменти“ од Штип, како и староградските групи “Пензионер“ и “Прилеп“ од Прилеп. Вечерта беше заокружена со настап на КУД „Илинден“ од Битола.
Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ завршува вечерва со прогласување на фестивалските победници и концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ што ќе се одржи во амфитеатарот на археолошкиот локалитет Хераклеа.

Синоќа староградска музика, вечерва затворање на “Илинденски денови“ со Влатко Срефановски (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





