Press "Enter" to skip to content

Фото вест:  “Али Риза“ од “Кога лисјата паѓаат“ мета за фотографирање во “Епинал“ и “Пајтон“

Деновиве  поголема филмска екипа предизвикува внимание меѓу битолчани низ Широк Сокак. Меѓу нив актерот Халил Ерѓун или “Али Риза“ од популарната серија „Кога лисјата паѓаат“.

Серијата беше мега  популарна пред неколку години, но ликот на Али Риза, остави впечаток и се уште се памети.

Тој заедно со својата екипа се освежува во кафе “Пајтон“ и “Епинал“ на Широк Сокак.

При тоа мета за  фотографирање на  многу битолчани, трпеливо се фотографираше и со група тинејџери кои иако беа многу мали кога се прикажуваше серијата, им оставила впечаток од разговорите на нивните родители, а минувачите по Широк Сокак постојано го вртат погледот кон популарниот турски глумец.

More from БитолаMore posts in Битола »