-Да бидам искрен не ја следам оваа музика, па затоа веднаш ќе кажам дека за овој текст и мене ме потсетија, па јас само ги пренесувам сеќавањата на мој пријател, кој и ми испрати и фотографиите, и ми рече дака овој настан заслужува да се спомене во моите сеќавања за 2009 година, започна со сеќавањата за тоа што се случувало во 2009 година, Димче Миновски.
-Во август 2009 година во Битола, МКЦ, го организира концертот на популарната рок-група “Ван-Гог“ од Србиија, која привлече повеќе илјади млади луѓе, љубители на рок музиката. На Олимписки беше преполно, а по топло време, како и годинава, се пееше и играше во доцна во ноќта, вели Димче Миновски, прераскажувајќи, овој пат, сеќавања.
Инаку, концертот бил одличен, а атмосферата била на највисоко ниво, како и организацијата на МКЦ, која како ми рече, и до ден денешен продолжува со организирање на вакви настани.
-И подоцна, имало уште еден концерт на оваа група, во Хераклеја, која исто така поминал во одлична атмосферам, но за тој концерт кога ќе поминат 10 години од одрувањето, во смеа додава Миновски.

Деновиве пред 10 години: одличен концерт на “Ван Гог“ кај Олимписки (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





