Press "Enter" to skip to content

Откажа Татабања, влезе Спартак-Москва, се променија групите во СЕХА лигата

Екипата на Еурофарм Работник ќе биде во “Б“ групата со ППД Загреб, Мешков Брест, Металопластика Шабац, Веспрем и Спартак -Москва.

Во група “А“ се: Вардар, Нексе Нашице, Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Пекинг Спорт Универзитет.

По откажувањето од ограње во регионалната СЕХА ракометна лига на екипата на Татабања и прифаќањето на екипата на Спартак-Москва од Русија да биде на нејзино место, организаторите на СЕХА лигата направија нови две групи на само пернаесетина дена во пресрет на новата сезона.

Промените од СЕХА лигата се направени за да се задржи конкурентноста и натпреварувачкиот баланс во групната фаза.

СЕХА лигата започнува во викендот на 3-4 септември, но се уште го нема целосниот распоред за новата сезона.

Mission News Theme by Compete Themes.