Press "Enter" to skip to content

Се изработува план за одржлива урбана мобилност, вклучени и граѓаните (фотогалерија)

Битола започна многу значајни активности за подготовка на Планот за одржлива урбана мобилност-ПОУМ. За разлика од традиционалниот пристап на планирање, кој се однесува само на возилата и сообраќајот, планирањето на мобилноста е инклузивен и партиципативен со посебен акцент на активно вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот.-На 19.06.2019 година Советот на Општина Битола донесе одлука за изработка на Планот за одржлива урбана мобилност, која беше едногласно усвоена. Дополнително кон активностите се приклучи и Одделението за урбанистичко планирање при Општина Битола, ОСБСП Битола, ЗЕЛС, кој што ја избра Битола меѓу петте градови за донесување на Планот и Германската агенција за поддршка на проектот. Со овој План треба да се даде одговор како треба системски да се реши мобилноста во Општина Битола, што подразбира не само движење на возила, туку на сите учесници во сообраќајот.Најважниот момент е што се вклучени граѓаните со свои иницијативи, кои треба да ги достават преку анкетниот прашалник кој го поделуваме денес на Плоштадот Магнолија, но во наредните денови ќе го има и на веб страницата на Општина Битола. На овој начин ќе ги имаме и нивните мислења каде ги гледаат проблемите, а се однесуваат на мобилноста во Општина Битола. Ваквниот квалитетен пристап треба да даде решенија кои што ќе се имплементираат на терен, ќе бидат функционални и законски регулирани со што ќе се реши долгогодишниот проблем на градот, рече градоначалничката Наташа Петровска.Во изработката на Планот за одржлива урбана мобилност, активно се вклучени претседателот и советниците при Советот на Општина Битола, Одделението за урбанизам и животна средина при Општина Битола и СВР Битола, кои работат подолг период на оваа проблематика. Процесот е технички поддржан од д-р Јасмина Буневска Талевска, Национален консултант за ПОУМ.-Јас сум среќна што Битола е избрана во петте градови да го претставува регионот во ваквите пристапи и мерки за решавање на мобилноста во градовите. Се надевам дека сите стручни лица во рамките на локалната самоуправа ќе го прифатат овој предизвик да започнат да ги координираат плановите во насока на мобилноста. Тоа значи дека ќе биде потребно да се примени процес кој што ги редизајнира и ги релоцира уличните простори, а не да планираме широки коридори за движење само на автомобили, истакна Буневска Талевска.Ова покажува дека Општина Битола работи на решавање на детектираните проблеми, за прв пат координирано, но овој пат, вклучувајќи ги и граѓаните, што треба да стане пракса за во иднина и за реализација на други значајни проекти во градот.На голем број граѓани им беа поделени анкетни листови, а истите ќе можат да ги најдат и на општинската веб страна, со цел граѓаните активно да се вклучат со свое мислење во изнаоѓање на заедничко решение за поголема мобилност во Битола.

 

More from БитолаMore posts in Битола »