Press "Enter" to skip to content

Вечерва и утре ќе се чествува Преображение Христово во манастирскиот комплекс кај Старавина (Црквиште)

По повод верскиот празник Преоображение Христово ќе се одржи чествување во манастирскиот комплекс кај мариовското село Старавина, во месноста викана “Црквиште“.

Домаќинот во манастирот “Св. Атанасие Велики“, Иле Јошевски, сопственик на месарницата “Карно комерц“ –месарница “Бела Чешма“ заедно со сите членови на Црковниот одбор ги покануваат сите верници со потекло од мариовскиот крај, како и сите верници од Битола, Новаци и Мариовскиот крај  да присуствуваат вечерва и утре во манастирскиот комплекс, каде ќе се одржи општонароден собир.-Јас како еден од домаќините на манастирот ми претставува чест да ги поканам сите верници од овој крај, без разлика каде живеат сега, да присутвуваат. За вечерва имаме организирано вечера на која очекуваме да има околу 500 гости, а исто толку гости очекуваме и утре на ручекот. Сите гости кои ќе бидат тука вечерва и утре ќе можат да ги видат убаво уредените конаци и да преноќеваат во една од 8 соби или двата апатмани, вели Иле Јошевски.

-Посебно се радувам на тоа дека според најавите вечерва и утре тука во манастирскиот комплекс че бидат голем број на наши роднини, пријатели, комшии кои се раселени низ целиот свет. Тука ќе има Мариовци кои живеат во Австралија, Европа, Канада, Америка… а сите заедно ќе не собере тука заедно заштитникот на Манастрот, вели Јошевски.Во дворот на манастирот ќе се одржи и општонародна веселба, а за убавата забава вечерва и утре ќе се погрижи Елена Јовчевска, а тука ќе бидат и Марјан и Размо.

Иле Јошевски, како добар домаќин на славата ќе биде во манастирскиот компекс на располагање во текот на двата дена или како вели од доаѓањето на првиот гостин па се до заминувањето на последниот, а вчера се одржа и работна акција за уредува на дворот на манасторот, средување на собите и подготовка на кујната и храната.