Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник поразен во финалето на Струшкиот турнир од атински АЕК

Еурофарм Работник – АЕК 23:27 (14:13)

Иако битолски Еурофарм Работник во финалето на 47. Струшки ракометен турнир важеше за фаворит сепак грчкиот вицепрвак АЕК од Атина е освојувачот на трофејот.

Во финалето пред полното отворено игралиште “Горан Попоски Батец”, АЕК го победи македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник со 23:27.

Почетокот на финалето беше во знак на АЕК кој одржуваше предност (3:5), за потоа “фармацевтите“ да направат серија од 5 гола и разлика од +3 (8:5), по што селдуваа минути на АЕК за 11:11, ни и водство на крајот на Еурофарм Рабитник 14:13 на полувреме.

Израмнето почна и вториот дел, Граџан за Еурофарм Работник постигна три гола, но грците возвратија со иста мера. Грчката одбрана добро функционираше, а во 40. минута Алушевски побара тајм-аут при 18:22, потоа беше 20:23, за на крај 23:27 и победа на АЕК.

Невен Стјепановиќ и Елмир Граџан најефикасни во Еурофарм Работник со по  шест гола.

More from СпортMore posts in Спорт »