Press "Enter" to skip to content

Кугланата со нова опрема обезбедена од Општина Битола

Општина Битола на барање на кугларскиот клуб „Пелистер“ Битола обезбеди нова опрема за кугларската сала која е сместена во спортската сала „Боро Чурлевски“. Се работи за кугларска опрема која ќе можат да ја користат оние кои тренираат професионално и рекреативно. Оваа опрема е неопходна за нормално функционирање на кугларската сала која е лиценцирана и за меѓународни натпревари.

Како минатата, така и оваа година продолжуваат инвестициите со цел како што рече и градоначалникот Коњановски и претседателот на Советот Бојкоски,  салата да го задржи рангот за одржување и на меѓународни натпревари.