Press "Enter" to skip to content

Младата битолчанка Ангела Лавровска го сними својот прв “ковер“ (видео)

Желбата на Ангела Лавровска да ја слушаат сите како пее деновиве и се исполни. Ангела го сними својот прв “ковер“ со песна на Селин Дион.

Ангела Лавровска родена на 17 август 2002 година во Битола и учи во гимназијата “Таки Даскало“.

-Од мали нозе сум ја сакала музиката и сум имала голема желба да ме слушаат сите како пејам. Мојата желба стана реалност, тоа ме прави да се чувствувам многу горда, вели кратко Ангела за нејзиниот нов успех.

Ангела покрај музиката го сака и спортот и е член на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј.

Првиот “ковер“ на Ангела е снимен во соработка со Христијан Петковиќ, во студиото “Мeowduction production“.

More from ЗабаваMore posts in Забава »