Press "Enter" to skip to content

Утре, среда во 20 часот, “Незаборав“ по 9. пат, за битолчани на “Валандово фолк фест“

За разлика од минатите години кога на манифеарацијата која ја создаде Панде Димитровски, се пееше за поединци и група од Битола, оваа годона на годинашниот “Незаборав“ ќе се пеат песни кои битолчани ги испеале на “Валандово фолк фест“ од периодот од 1985 до 2000 година.

“Незаборав“ ќе се одржи утре (среда) во Центарот за култура во Битола со почеток во 20 часот, а на концертот ќе настапат групите „Калабалак“ и „Боеми“, хармоникашот Кирил Стојчевски и солистите Зоран Маневски, Билјана Дамјановска Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Елена Тодосиеска и Тамара Стојковска. 

Претходните години “Незаборав“ беше посветен на: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (“Буба Мара“), Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков и “Битолските конзули“.

Влезот како и секоја година е слободен, а организаторот ветува добра забава и потсетување на сите битолчани кои пееле на овој реномиран фестивал на народна музика, а присутните утре вечер ќе ги врати преку извадоци, сеќавања во тој период водител Силвана Петрова – Насух.

Инаку, да потсетиме како битолски автори на музика се јавуваат: Милко Лозановски, Кире Костов, Петар Ѓеоргиев – Калица, Тоде Новачевски, Михајло Бандевски, Миле Шерденковски, Валентин Соклевски, Миодраг Неќак – Микс, Љубо Трифуновски, Ѓорги Белџигеровски и Зоран Кузмановски.

Битолски автори на текстови на “Валандово фолк фест“ се: Илија Алушевски, Ѓорги Белџигеровски, Ѓоко Ѓоргиев, Валентин Соклевски и Петар Ѓеоргиев – Калица.

Автори кои создавале песни за битолчани кои пееле на “Валандово фолк фест“: Милан Зафков, Григор Копров, Миле Барбаровски, Љупчо Трајковски – Фис, Драги Митев, Зоран Марковски и Илчо Јованов.

More from ЗабаваMore posts in Забава »