“Широк Сокак во Бело“ или “Бела Ноќ“ ќе се одржи петок и сабота, но оваа година за првпат на нова локација на плоштадот “Гоце Делчев“ (паркинг пред Центар за култура – Битола).
Традиционалната Бела ноќ или “Широк Сокак во бело“ оваа година ќе се одржи во два дена, првата со концерт, а втората со настап на ди-џеј.
На првата вечер, во петок, на 23 август, битолчани и гостите од другите градови ќе ги забавува Влатко Лозановски, а свој наста ќе имаат и “МАРКО ЛОГАУТ & бенд“.
Втората вечер, во сабота, на 24 август, како главна ди-џеј звезда на Широк Сокак ќе ги забавува битолчани, Акцент, од Романија, а тука ќе бидат и ди-џеите, Љубиша, Јошевски, Рикардо и Контру.
Организаторот ги заврши сите подготовки околу престојните два дена забава за битолчани и секако и за гостите кои ќе дојдат во Битола од другите градови.
И кафулината кои ќе имаа шанкови за двете вечери ги вршат последните подготовки, а се знае кок каде ќе биде. Според дел од сопствениците на шанкови во тек се резервациите кои се при крај. Битолчани кои сакаат да бидат дел од “Белата ноќ“ да си обезбедат резервации на време.
Еве кои кафилина ќе имаат шанкови на “Белата ноќ“ и број за резервации:
ШАНК ДЕСНО – “КАФЕ КАФЕ“ – 075 759 373
ШАНК ДЕСНО – “ДОБРИ ВИБРАЦИИ“ – 070 932 373
ШАНК ДЕСНО – “ПОРТАЛ“ – 071 245 995
ШАНК ДЕСНО – “РАСЧЕКОР“ -075 337 878
ШАНК ЛЕВО – “КОНЕКТ“ – 076 757 269
ШАНК ЛЕВО – “МИЛЕНИУМ“ – 075 310 813
ШАНК ЛЕВО – “СИМБОЛ“ – 075 337 788
ШАНК ЛЕВО – “ЧИФЛИК“ – 071 235 554
ШАНЛ ЛЕВО – “РАСЧЕКОР“ – 075 337 878.






