Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник го победи домаќинот Слога на Добојскиот турнир

Еурофарм Работник – Слога Добој 26:24 (11:13)

Еурофарм Работник: Трајковски (22 oдбрани), Чаневски (1 одбрана), Ојлески 2, Маркоски 2, Стјепановиќ 3, Шевелев, Радовиќ 5, Јотиќ 2, Вегар 2, Граџан 2, Ѓукиќ 1, Кузманоски 5, Петровски 1, Маџовски 1

Седмерци: 5/3, исклучувања: 8 минути

Слога: Богдановиќ (18 одбрани), Књежевиќ, Ѓурѓевиќ, Анѓелиќ 1, Максимовиќ, Мишановиќ, Престаж 5, В. Станковиќ 7, Бубиќ 4, Старчевиќ, Зекиќ 1, Б. Станковиќ 1, Жегарац, Миличевиќ, Чосиќ 5, Бајовиќ

Седмерци: 3/1, исклучувања: 6 минути

Ракометарите на Еурофарм Работник во вториот натпреварувачки ден од турнирот во Добој стигнаа до првата победа, откако славеа на дуелот со домаќинот Слога со резултат 26:24.

Натпреварот беше изедначен, а разликата ја направи голманот Трајковски, кој со 22 одбрани беше најзаслужен за победата.

Ракометарите на Еурофарм Работник денес се слободни, а в петок во вечерниот термин се среќаваат со Пекинг Спорт.

Од резултатот на овој натпревар ќе се знае за кое место в сабота ќе се борат избраниците на Стевче Алушовски.

More from СпортMore posts in Спорт »