Press "Enter" to skip to content

Заврши манифестацијата културно-забавно лето Новаци 2019 (фотогалерија)

Пред околу 1.500 посетители на спектакуларен начин со фестивалот “Избор на летен фолк хит на Македонија 2019“ и концерт на Јордан Митев, заврши манифестацијата културно-забавно лето, Новаци 2019.

Оваа година се потврдија сите цели, сите очекувања и предвидувања за оправданоста на идејата и опстојувањето на културно забавното лето  во општина Новаци, а не само што низ своите програмски содржини  имаше забавен карактер манифестацијата, туку доби  и предзнак на манифестација која се залага за зачувување на македонските културни вредности, традиции и обичаи.На затворањето на културно забавното лето имаше посетители од цела Пелагонија и пошироко како и наши иселеници од дијаспората, а се обрати  градоначалникот, Љубе Кузманоски поздравувајќи ги присутните и прогласувајќи ја манифестацијата за затворена.-Како локална самоуправа се надеваме дека со  богатиот репертоар на културни настани  го подигнавме  нивото на културно живеење на граѓаните на Новаци. Општината  и советот  како покровители на  манифестацијата даваат силна поддршка  ќе продолжат и во иднина финансиски да го поддржуваат културното лето. Се надеваме дека оваа манифестација ќе постане своевиден бренд  кој секое лето  ќе придонесува за културно освежување и можност граѓаните токму во своето место на живеење да доживеат една поинаква културна манифестација. Во двомесечната културна програма  организаторите се потрудија  да ги задоволат вкусовите на сите генерации на граѓани  што дава поттик традицијата на одржување да продолжи и во иднина, истакна градоначалникот Кузманоски.На фестивалот “Избор на Летен Фолк Хит на Македонија 2019“ учество зедоа познати естрадни уметници и музички групи меѓу кои Јордан Митев,  Ирена Спасовска, Марјан Коцев, Елена Јовческа, Стојне Николова, Благоја Стојановски-Туше, Дарко Билбиловски, Ташко Каранфиловски, Ванчо Тарабунов и многу други како и музичките групи “Милениум“, “Црешово топче“ и “Маестрал“.

За летен хит на Македонија е групата “Маестрал“ со нивната авторска песна “Отвори мајко порти широко“.

More from МакедонијаMore posts in Македонија »