Press "Enter" to skip to content

Во болницата “Плодност“ биохемиски анализи по најсовремени светски стандарди

Специјалистичко дијагностичката лабораторија на болницата “Плосност“ е опремена со најсовремена опрема според последни светски стандарди која нуди комплетна лабораториска дијагностика, а во неа работат  високо специјализирани кадри.

-Ентузијазмот, вербата во успехот и фокусирањето кон иднината се клучот за успехот во нашата специјалистичка дијагностичка лабораторија, која е во чекор со светските трендови. Затоа направете ги вашите анализи кај најдобрите, велат од болницата “Плодност“.

Биохемиската лабораторија во Болница “Плодност“ ги нуди следните услуги и испитувања:

-Хормонски испитувања,

-Испитување на тумор маркери,

-Комплетни биохемиски и хематолошки анализи,

-Инфективни заболувања,

-Хемостаза,

-Диференцијална крвна слика,

-Рано откривање на аномалии на плодот (Prisca),Од  биохемиската лабораторија во болница “Плодност“  го препорачуваат следното  упатство кое треба да го следат пациентите за да се подготват  за земање биолошки материјал:

-за повеќето лабораториски испитувања на крв неопходно е земање на примерок наутро (на празен стомак) 12 часа по последниот оброк,

-пред вадењето на крв да не се земаат лекови (во договор со лекар) и препарати кои би влијаеле  на резултатите,

-да се избегнува интензивна физичка активност 2 дена пред земање на крв,

-се препорачува времето помеѓу земањето на лек и вадењето на крв за протромбинско време-ПТ да биде 12 часа,

-внес на храна со зголемена содржина на витамин К и внес на други лекови може да влијае на резултатот,

-за хемиски преглед на урина и седимент неопходно е да се земе првата утринска урина во чист сад и во најкраток можен рок (до 2 часа) да се донесе во лабораторијата или да се чува во фрижидер до доаѓањето во лабораторијата,

-за анализа на 24 часовна урина потребно е да се испие околу 1,5-2л вода и измокрената урина да се собира во чист сад.

Специјалистичко дијагностичка лабораторија на болницата “Плодност“ ви препорачуваат да ги направите анализите во најдобро опремена биохемиска лабораторија.

More from БитолаMore posts in Битола »