Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер со втора екипа во Втората лига!?

Иако се уште не е официјализирано дали кошаркаркиот клуб Пелистер ќе формира нова екипа, втора екипа, која би се натпреварувала во Втората кошаркарска лига, сепак дознаваме дека неофицијално се работи на оваа идеја.

Формирањето на втора екипа, би била место каде би се приклучиле сите млади талентирани деца кои тренираат кошарка во кошаркарските школи од Битола.

Ова веќе подолго време го заговараат родителите на децата, но и оние кои ги водат школите, бидејќи како велат децата мора да напредуваат во друга фаза, со натпревари кои им недостигаат, да започнат да размислуваат професионално, со поголеми обрвски.

Кошаркарскиот клуб Пелистер во ваков потег ќе почне да мисли на иднината, да произведува кошаркари, домашни кои сега тешко не наоѓаат на македонскиот пазар, но потег кој иако е на зародиш веќе наиде на симпатии кај сите љубители на кошарката. 

Дали екипата ќе се вика Пелистер 2 или некои други име сега е најмалку битно, а би било најдобро тоа да се случи уште оваа сезона и младите кошаркари де се “приберат“ во една целина, да играат во Втората лига и да берат потребното искуство.

Кога се избра новото раководство на македонската кошаркарска федерација, едно од барањата на Управата на Пелистер кон новото раководство беше да се обрни внимание на младите домашни кошаркари, а Битола да биде регионален центар за овој дел.

Претседателот на КК Пелистер, Сашко Наумов, го побаравме за оваа иницијатива, да ни каже дали е веќе реалност, кој ќе ја води екипата, кој се ќе настапува во таа нова втора екипа, но го избегна одговорот.

More from СпортMore posts in Спорт »