Пелистер – Вардар 2:0 (0:0)
Со првата победа во првото коло од Втората лига екипата на Пелистер ја започна сезоната во која е прогласен за фаворит за пласман во Првата лига.
Во првото коло екипата на Пелистер ја совлада екипата на Вардар од Форино со 2:0, полувреме без голови 0:0, во натпревар во кој ја имаше контролата врз играта во текот на сите 90 минути.
Дека Пелистер е оправдано фаворит на оваа оваа средба се покажа од почетокот на натпреварот кога и ги имаше шансите за водство преку Момировски, Главевски и Маневски.
По пропуштените шанси за гол во првото, уште на самиот старт на второто полувреме Пелистер дојде во водство по акцијата на Маневски по десната страна, погоди Благојче Главевски за 1:0.
По водството екипата на Пелистер продолжи да биде во иницијатива, а во 63. мунута “пелистерци“ го решија натпреварот со голот на Симјановски по грешката на гостинскиот голман.
[ngg src=”galleries” ids=”383″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






