Денес кај РЕК “Битола“ каде се одвиваат работите околу гасоводниот крак Неготино-Битола во инпекција беше премиерот Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски Сугаревски, и градоначалникот на Битола – Наташа Петровска и градоначалниците на Прилеп и Новаци.
-Завршени се над 70 проценти од градежните и машинските работи на на гасоводот Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола. Од предвидени 92 километра поставени се цевки од гасоводот во должина од 83 километри од трасата. За напролет се планираат испитувања за пуштање во употреба на гасоводот. Изградбата што почна во февруари 2017 година треба да заврши во февруари следната година, рече премиерот Заев.
Еден од трите краци за севкупна гасификација, за кој годинава се одвоени 1,5 милијарда денари од државниот Буџет, е кракот од Неготино до Битола.
-Гасот доаѓа се поблиску до индустријата и до граѓаните со што се отвораат можности да влеземе во фазата за определување на оператори на секундарната мрежа кои ќе треба да го обезбедат преносот од приклучокот на гасот до домаќинствата и до индустриските капацитети по конкурентни цени и затоа во овој процес многу е важно и општините да работат на изградба на општинската мрежа, рече Заев.
Директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, очекува до крајот на годината да бидат реализирани над 90 проценти од градежните активности.
-Навреме ќе ја завршиме оваа делница, а напролет ќе почнат испитувања за пуштање во употреба на гасоводот, изјави Реџепи, презентирајќи ја динамиката за инсталирање гасовод на подрачјето на пелагониските општини.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, пак, ги повика градоначалниците од општините опфатени со гасоводот, во најбрз рок да ги изработат проектите што ќе ја овозможат секундарната гасификација и користењето на гасот како енергенс.

Премиерот Заев во инпекција на работите на гасоводниот крак Неготино-Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии





