Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник на пенали го изгуби финалето во Добој, Јотиќ најдобар ракометар на турнирот

Еурофарм Работник – Шарт 22:22 (3:4 на пенали)

-Еурофарм Работник не успеа да го освои “ТВ Турнирот на шампионие“ на своето 51. издание, а по нерешениот резултат 22:22 загуби на пенали, 4:3, а француските ракометари беа посреќни во пенал рулетот.

-Јотиќ од тимот на Еурофарм Работник најдобар ракометар на турнирот.

-Еурофарм со награда од 7.500 евра.

“Фармацевтите“ започнаа добро во финалето, поведоа 2:0, потоа на 5:2, а на десетина мунити до крајот на првиот дел и до +5 (9:4). Но, во последните минути французите намалија на -1 (11:10), а со овој резултат се замина на одмор.

На стартот на второто полувреме беше 12:12, а потоа и прво водство на Шарт во 36. минута, за на средина на вториот дел Еурофарм Работник има негатива од -2 (15:17). Битолчани се вратија во игра и имаа и гол предност 21:20, но на крај Еурофарм Работник погоди за израмнување и пенали.

Во пенал-рулетот кај Еурофарм не погодија Кузмановски и Чурлевски, а Чаневски одбрани само еден пенал, по што се радува французите. Пенали за Еурофарм Работник погодија Ѓукиќ, Ојлевски и Стјепановиќ.

Во регуларниот дел најефикасни поединци во тимот на Еурофарм Работник беа Стјепановиќ со шест и Јотиќ со три гола.

Хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ е МВП на 51-то издание на “ТВ Турнирот на шампионие“ во Добој. Само една недела откако беше прогласен за најкорисен ракометар на турнирот во Струга, Хрватот ги освои симпатиите и во Добој.

More from СпортMore posts in Спорт »