Младите фудбалери на Пелистер, генерација 2007 година по освојувањето на Пандев купот, викендов го освоија и меѓународниот турнир “Фер плеј куп Охрид 2019“.
Младите битолски надежи, сега “пелистерци“ убедливо ги надиграа своите противници, нивни врсници со што го докажаа својот квалитет. Пелистер во финалето ја победи екипата на Скендербег со 2:0.
Предводени од тренерот Корлевски Михајло, а до пред некој месец од Драганчо Димитровски со пет победи и еден нерешен резултат, 12 постигнати голови и ниту еден примен гол, само потврдија дека оваа генерација на Пелистер има одличен квалитет што и постојано го докажува.
Покрај колективната награда, младите фудбалерчиња, ги освоија и сите индивидуални награди.
Најдобар голман во својата генерација и најдобар голман на цел турнир Александар Балев, најдобар играч во генерација Христијан Јовановски, а најдобар играч на сите финалиња Дарко Димитровски.
Александар Балев како најдобар голман на турнирот ја освои наградата која се вика “Петар Милошевски“.
“Фер плеј купот Охрид 2019“ се организира по 9. пат, а оваа година учествуваа екипи од Србија, Албанија, Косово, Хрватска, Босна и Македонија.






